Еден од најголемите таленти во европскиот ракомет, Маркос Фис, се најде на радарот на бројни европски гиганти.
Според шпанскиот „Мундо Депортиво“, 18-годишниот десен бек на Гранољерс и на шпанската репрезентација добил понуди од дури десет европски клубови.
Меѓу најзаинтересираните за потписот на младиот ракометар се европските великани Барселона, Келце, Веспрем, ПСЖ и Спортинг.
Фис, кој во медиумите веќе го нарекуваат „ракометниот Ламин Јамал“, има договор со Гранољерс до 2027 година. Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, младиот бек засега има намера да го испочитува договорот до крајот.
И покрај тоа, интересот од европските гиганти јасно покажува дека Фис веќе се смета за еден од најперспективните млади играчи во европскиот ракомет, па неговиот следен чекор во кариерата внимателно се следи од ракометната јавност.

























