Србија ќе брка Мундијал со „македонски“ крила

Селекторот на машката репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, го објави списокот на ракометари пред вториот бараж за СП 2027, во кој нашиот северен сосед го чека двобој со Литванија.

Меѓу 35 ракометари, се наоѓаат и четворица кои играат во македонското првенство за Вардар, Охрид и тимот од Автоканда.

Станува збор за десните крила Вукашин Воркапиќ и Дарко Ѓукиќ, кои играат во одлична форма и многу веројатно ќе бидат изборот на Раул за оваа позиција.

На списокот се наоѓаат и левиот бек Урош Борзаш од Автокоманда и десниот бек Урош Митровиќ од Вардар. Целиот список може да го погледнете ТУКА.

Србија ќе игра против Литванија на 19 март во Ниш, како и на 22 март на гостински терен. Ако ја мине Литванија, Србија ќе се бори против Унгарија во третиот бараж за СП.