ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија во поход на Белгија, ПСЖ е последен гостин во Битола

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат средбите на женската репрезентација против Белгија од квалификациите за Европското првенство и онаа на Еурофарм Пелистер против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Македонија гостува во Хаселт во натпревар кој треба да го добие ако сака да остане во трка за третото место и пласман на ЕП.

Селекторот Грчевски на пат за Белгија поведе 17 ракометарки, кои треба завршат дел од работата во Хаселт, а в сабота да биде комплетирана задачата во Куманово.

Денеска покрај овој меч се играат уште пет меча од квалификациите, како и еден од ЕХФ Евро Купот.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер нема шанси за прогрес во Лигата на шампионите, а во Битола последен гостин оваа сезона ќе биде францускиот ПСЖ.

Сепак и покрај тоа што нема резултатски императив за пелистерци, ПСЖ брка победа во битката за што повисока позиција на табелата.

Покрај дуелот во Битола, во елитната конкуренција се играат уште три натпревари во Данска, Хрватска и Полска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 АЛБОРГ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЗАГРЕБ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КЕЛЦЕ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
17:00 ТУРЦИЈА – ЧЕШКА (ЕХФ ЕВРО КУП)
18:00 АВСТРИЈА – ШПАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 СРБИЈА – ШВЕДСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 СЛОВЕНИЈА – ГЕРМАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
19:00 ИСЛАНД – ЦРНА ГОРА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ПОРТУГАЛИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:10 БЕЛГИЈА – МАКЕДОНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)