Кристијанштад го шокира Мелсунген, сега е хаос во групата на Вардар

Шведскиот шампион Кристијанштад славеше против Мелсуген со 31-30 и направи хаос во групата 3 каде што се наоѓа и македонскиот вицепрвак Вардар.

Сега Мелсунген остана прв со шест бода, но Вардар, Бенфика и Кристијанштад  имаат по четири бода, со тоа што „црвено-црните“ и тимот од Лисабон играат меѓусебе вечерва и имаат меч помалку.

За разлика од гостувањето во Скопје, сега Мелсунген беше со посилен ростер со Кристопанс, Кулеш, Стефансон, Сипос и Паласич….но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Иако бундеслигашот водеше со 30-29, со двата гола на Мансон, шведскиот тим во последните две минути направи пресврт, а Стефансон погреши на два пати и Мелсунген мораше да се помири со нов пораз.

Лига на Европа, 3 коло, резултати:

ЕЛВЕРУМ – АРХУС 31-24
КИЛ – БИДАСОА 27-20
КРИСТИЈАНСТАД – МЕЛСУНГЕН 31-30
20:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – НЕКСЕ НАШИЦЕ 
20:45 ХАНОВЕР – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ФЛЕНСБУРГ 
20:45 ПОРТО – ГРАНОЉЕРС 
20:45 ВАРДАР – БЕНФИКА