Јапонска репрезентативка „слета“ во Чаир!

Амбициозниот Чаир во продолжението од сезоната ќе биде посилен за јапонската репрезентативка Цуи Нанока.

Станува збор за 27-годишна ракометарка (162/69), за која настапите во Чаир ќе бидат првото интернационално искуство.

Претходно Чаир се засили со Александра Коловска, Сара Миновска и Ана Георгиевска, како и Тунижанката Саида Реџеп.

Цуи веќе дебитираше за Чаир и на мечот против Вардар запиша два гола, а ќе биде големо освежување пред дербито со Ѓорче Петров.