Ракометарите на Вардар Неготино прославија триумф на тешкото гостување кај Јехона со 40-39 во натпревар полн со голови од 17 коло во Првата лига.
На табелата Вардар Неготино е на четвртото место со 22 бода, додека Јехона остана на седмата позиција со 16 освоени бодови.
Предводници на неготинци беа триото Драган Кузманов со десет гола, како и Костадин Петров и Ѓорѓи Орешков со по девет.
Во составот на Јехона се истакнаа Адис Салиу со десет гола, а Бојан Давидоски и Виктор Трифуноски стрелаа по седум пати.
По израмнетиот прв дел, неготинци кон средината на вториот дел се одлепија на плус четири, а гостиварци иако во повеќе наврати намалија на гол негатива, сепак немаа сили за комплетен пресврт и мораа да се помират со пораз.
























