Екипата на Стружанка славеше над Овче Поле СУ со 32-27 (16-10) во натпревар од 16. коло во прволигашката конкуренција.
Тимот од Свети Николе во претходното коло одигра одличен натпревар против Ѓорче Петров 2, но овојпат си замина со пораз од покрај езерото.
Стружанка имаше контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар. Со поддршка од голманката Митоска, домаќинките доминираа во најголем дел од мечот.
Маја Раткушиноска имаше девет гола, Теодора Маркоска даде осум, додека Еџе Сејадин и Тијана Переска комбинираа дури 14.
Во гостинскиот состав, најефикасни беа Елена Вучевска и Јована Ангеловска со по осум погодоци.


























