Една Анчева недоволна за Астибо, Куманово ги грабна бодовите

Тимот на Куманово прослави убедлива победа над Астибо со 34-27 во натпревар од 16 коло од Супер женската лига.

И покрај одличната партија на Марија Анчева, која даде 14 погодоци, сепак гостинскиот тим немаше шанси да освои бодови.

Штипјанки одржуваа рамнотежа во првите дваесетина минути, но во финишот на полувремето имаа пад во играта, па тоа беше казнето и Куманово отиде на плус шест, 19-13.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата и немаше возбудувања на теренот.

Азеведо со девет и Павлова со шест погодоци беа меѓу предводничките на победничкиот тим, а покрај Анчева, во гостинскиот состав се истакна Ксавиер со шест гола.