Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза од машкиот Куп.
Бранителот на титулата Вардар ќе ја почне одбраната против Бутел Скопје, а доколку слави ќе игра со победникот од „витамините“ од Автокоманда и Еурофарм Пелистер 2.
Еурофарм Пелистер го доби за ривал тимот на Струга, додека во другото полуфинале ќе играат Прилеп и прволигашот Драчево Јуниор.
Победниците од полуфиналните дуели по групи ќе се соочат во финален натпревар, од кој победникот ќе се пласира на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Натпреварите од оваа фаза се играат на 7/8 март, додека Ф4 ќе се одржи на 18/19 април.
Куп на Македонија, мажи:
група А
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
група Б
Пролет – Македонија Ѓорче Петров
Радовиш – Алкалоид
група В
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
група Г
Прилеп – Драчево Јуниор
Струга – Еурофарм Пелистер























