Само што ја добија дозволата да ги играат домашните натпревари на израелската територија, машката и женската репрезентација на Израел ќе мора да бараат нови солуции.
По конфликтот на Блискиот исток и нападот на Иран врз Израел и влошувањето на ситуацијата, јасно е дека нема да се организираат никакви натпревари во блиска иднина на националниот тим.
Европската ракометна федерација го одложи мечот меѓу Израел и Грција што требаше да се одигра во Ришон Ле Зион од квалификациите за пласман на женското ЕП 2026.
Тој меч беше закажан за 4 март, а за 8 март е закажан возвратниот дуел во Халкида, но неизвесно е дали Израелките ќе можат да патуваат следната недела.

























