Изненадувањето на колото во машката пионерска лига се случи во Струга каде екипата на ДИНГ направи големо изненадување со триумфот 18-15 над актуелниот шампион Охрид. Во езерското дерби гостите беа беше неколку клучни играчи, па тоа го искористија домаќините кои остана на 5. позиција на табелата во А групата.
ДИНГ пред почетокот на пролетниот дел настапи на турнир во БиХ каде играше во финалето со две категории како најава дека се подготвени и за домашното првенство. Петар Дуноски со 7 гола и Горазд Ојлески со 4 беа предводници во победничкиот тим на ДИНГ.
Поразот многу нема да смени на табелата бидејќи Охрид останува лидер со 16 бода, но другите ривали од Топ-4 сега ја намалија предноста што досега ја имаше Охрид. Сега Мулти Есенс, Струга и Вардар му „дишат во врат“ на шампионот, и разликата меѓу првиот и четвртопласираниот тим е само четири бода.
Дербито на А групата се играше во Скопје каде Вардар дури во второто полувреме успеа да го надигра гостинот од Струга, и на крај „црвено-црните“ да триумфираат со 24-17. Сега Вардар се вклучува во борбата за повисок пласман на табелата,
Никола Никчевиќ и Марко Анастасијевски со по 7 гола беа најпрецизни кај Вардар, додека Војо Клењоски даде исто така 7 гола за Струга.
По 42 гола постигнаа екипите на Македонија ЃП во дуелот со Шампион, и на Мулти Есенс на средбата со Прилеп. „Негативен рекорд“ постигнаа пионерите на Шампион, со по 1 постигнатгол во секое полувреме (вкупно 2) на мечот со тимот од Ѓорче Петров, што „лавовите“ го добија со 42-2. Во Автокоманда „падна“ Прилеп кој загуби со 7-42.
Со триумфот кај Шампион, сега Македонија ЃП има 10 бода, само два помалку од Тиквеш и три од Куманово. Разликата меѓу второпласираниот им петтопласираниот тим е само четири бода.
Во Б групата ланскиот финалист Еурофарм Пелистер 2 триумфираше на гостувањето кај Младост во Богданци со 19-16. Даниел Христовски во второто полувреме даде пет од вкупно осумте гола на средбата, за задржување на лидерското место на табелата, со максимален учинот и без загубен бод сезонава.
Според пропозициите првите четири екипи од двете групи по регуларниот дел од сезоната продолжуваат во четврт-финале каде вкрстуваат со ривалите од другата група. Се игра по принципот А1 – Б4, А2 – Б3, А3 – Б2 и А4 – Б1.
Резултати за 10 коло:
Група А
Бутел – Пролет 14-19
ДИНГ – Охрид 18-15
Вардар – Струга 24-17
Мулти Есенс – Прилеп 42-7
Табела:

ГРУПА Б
Гемиџии – Куманово 15-25
Тиквеш – Радовиш 31-17
Младост – Еурофарм Пелистер 2 16-19
Шампион – Македонија ЃП 2-42
Табела:


























