Во директен дуел за избегнување место во баражот Куманово ја победи Струга со 30-20 (13-8) во првото коло од плејаутот. Ова е прв триумф за кумановци во 2026 година, а втор сезонава против Струга.
Сега Куманово има 9 бода, два повеќе од Струга која е претпоследна, а Радовиш е единствен тим без освоен бод. Последнопласираниот тим директно испаѓа од Супер лига, а претпоследниот ќе игра бараж со второпласираниот од Прва лига.
Клучниот период во кој домашните направија разлика што потоа ја одржуваа беше од 20. до 26. минута. Тогаш последен пат беше нерешено, 8-8 и следуваше серија од 5-0 за Куманово со која поведе 13-8.
Како што почна второто полувреме така продолжија домаќините да погодуваат, и во 35. минута ги имаа највисоките дотогаш „плус 7“ за водство 16-9. Тоа беше најава дека првите бодови во разигрувањето за опстанок ќе останат во Куманово. На средината д второто полувреме домашните веќе водеа со 19-11, што беше највисоката предност дотогаш, но и чекор поблиску до четвртиот триумф сезонава, а прв во плејаутот.
Предноста на Куманово продолжи да се зголемува и „десетката беше раситнета“ во 49 минута кога беше 22-12. Потоа немаше веќе длеми.
Во следното коло Куманово гостува кај Прилеп, а Струга ќе патува во Скопја и ќе биде на мегдан со Пролет.

























