Ракометарите на Текстилец прославија триумф против екипата на Партизан Гевгелија со 34-33 во драматичен натпревар интересен до самиот крај.
Штипјани имаа предност од шест гола, 22-16, но за малку ќе направеа од „готово-вересија“, откако гевгеличани стигнаа до реми на петнаесетина минути до крајот, 25-25.
Потоа се играше гол за гол, а гостите водеа со минималец, 27-26. Сепак домашните собраа сили и по 32-32, проработе велешката врска Стојанов-Атанасовски и Текстилец имаше плус два, а гостите до крајот само го ублажија поразот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Џинес со девет и Величков со седум гола, додека кај гевгеличани се истакнаа Наумовска со девет и Пејковски со седум погодоци.

























