Петковска „спушти ролетна“, Коларовска меѓу најдобрите – Брод немаше среќа на крајот

Тимот на Брод, каде што играат двете македонски репрезентативки Драгана Петковска и Ана Марија Коларовска, загуби во неизвесен финиш.

Во мечот на домашен терен Брод, и покрај одличната партија на Петковска, беше поразен од Сплит со 24-22.

Maкедонската голманка заедно со Коларовска и со Робида, беа триото најдобри во домашниот тим, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој меч.

Петковска запиша 11 интервенции, Коларовска имаше два гола од два обиди, но изнуди и два седмерци.

Во следното коло, Брод и Македонките ќе одат на гостување кај Бјеловар.