Најновото засилување за шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, хрватскиот интернационалец Никола Граховац, пристигна во Битола и веќе одработи неколку тренинзи.
Тој вели дека ги познава соиграчите доволно и дека нема да има проблеми со адаптацијата во битолскиот тим.
„Минатата сезона кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски е подобро да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа сезона да биде повторно“, изјави Граховац.
Хрватот би требало да го има своето деби на мечот со ГОГ Гудме од Лигата на шампионите.

























