Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров забележаа нова победа во прволигашката конкуренција, откако славеа против Кичево со убедливи 48-20.
Гостите успеваа да парираат во првиот дел, но попуштија во финишот и „лавовите“ отидоа на пауза со 17-13.
На стартот на второто полувреме уште два гола за момците на Оливер Димитриоски и веќе немаше назад за Кичево, па до крајот доминираа домашните ракометари.
Најдобри стрелци беа Стефан Нацев со десет гола и Никола Кузевски со седум, додека Андреј Шулевски даде 12 за Кичево.
Македонија Ѓорче Петров сега е на петтата позиција со 18 бодови, додека Кичево останува со негативно салдо од -1 бод.

























