Чаир на „лесна прошетка“ и со бодови од Битола

Чаир продолжува да му „дише во врат“ на лидерот Ѓорче Петров, откако тимот предводен од Басри Латифи како гости победија со 34-16 во Битола кај Пелистер. Со новите гостински бодови Чаир останува на второто место на табелата со 26 бода, еден помалку од шампионот Ѓорче Петров.

Во Битола се беше решено уште по 16 мнути играње кога Чаир поведе со 9-2. Тоа беше најава дека гостинките се дојдени по бодовите, а тоа го покажаа на самиот почеток. Не оставија ништо на случајност, ниту пак му дозволија на Пелистер да „помисли“ дека може да се надева на бодови. На полувреме чаирчанки веќе имаа предност од 15-7.

Само што почна вториот дел Рона Мифтари во 32 минута првпат му донесе двоцифрена предност на Чир (17-7). Во периодот од 46 до 54 минута гостинските имаа серија од 9-0 и поведоа со 31-13. До крја двете екипи дадоа по три гола, и остана предноста од „плус 18“ и триумф 34-16.

Рона Мифтари со 8 гола беше најпрецизна кај гостинките, а два гол апомалку даде Мила Трајковиќ. Кај домашните, Анастасија Тодоровска и Ана Стојчевска постигнаа по 4 гола.

Во следното коло Чаир е домаќин ана Вардар, а Пелистер повторно игра дома, овојпат со Ѓорче Петров.