Салиу блесна во финишот – Јехона со цел плен се враќа од Гевгелија!

Екипата на Јехона оствари значајна гостинска победа во Гевгелија и го совлада Партизан со 30-29 во драматичен натпревар во рамките на 16. коло од Првата лига.

Домашниот состав имаше контрола врз резултатот во најголемиот дел од првото полувреме, а водеше и во вториот дел. Сепак, во последните петнаесетина минути следуваше израмнета игра, во која искуството на Адис Салиу и зимското засилување Виктор Трифуноски се покажа како клучно за гостите.

Во неизвесната завршница, при резултат 28-28, Јехона успеа да направи решавачки чекор и да се одлепи на 30-28. Партизан имаше можност во последниот напад да стигне до реми, но не успеа да реализира, па следуваше голема радост кај гостинскиот тим.

Најефикасен на натпреварот беше Адис Салиу со 12 погодоци, потврдувајќи ја својата лидерска улога во тимот на Јехона. Во редовите на домаќините се истакна Илија Пејковски со десет реализации.

Во следното коло, Јехона ќе игра на домашен терен против Вардар Неготино, додека Партизан Гевгелија ќе гостува кај Текстилец.