Данскиот гигант Алборг направи одлична зделка и ги обедини браќата Никлас и Магнус Ландин.
Голманот Никлас, кој веќе две сезони брани за Алборг, ја продолжи соработката со данскиот првак до 2029 година.
Левото крило Магнус, кој долги години игра за германскиот Кил, се обврза на верност со Алборг до 2030 година.
Браќата Ландин по настапите во Кил, сега одново ќе бидат дел од ист клуб, а Алборг работи на долги патеки и ги врза со договори до 2029, односно 2030 година.

























