Ракометарките на Деспина остварија сигурна и убедлива победа на гостувањето во Скопје, совладувајќи го тимот на Шампион со 33-7, во натпревар од 15. коло од Првата лига во женска конкуренција.
Прилепчанки уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и не оставија простор за изненадување, оправдувајќи ја фаворитската улога против значително подмладениот состав на домашниот тим.
Најефикасна во победничкиот состав беше Маја Ристеска, која одигра одличен натпревар и постигна девет погодоци.
На спротивната страна, само четири ракометарки на Шампион успеаја да се запишат во листата на стрелците, а најефикасна беше Јована Васовска со три гола.
Во следното коло, Деспина ќе има нов тежок предизвик, бидејќи на домашен терен ќе го пречека лидерот Атлетик, тимот што од следната сезона ќе игра во најсилната конкуренција.

























