ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар тргнува во поход на Ф4 – прва станица е Лисабон

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска го стартува настапот во главната рунда од Лигата на Европа со гостување кај незгодната Бенфика во Лисабон.

Вардарци запишаа три победи во трите меча од Супер лигата – Куманово, Бутел Скопје и Пролет, но ниту еден од овие натпревари не можеше да ги покаже вистинските можности на момците на Чупиќ.

Бенфика има тим покриен на сите позициии, предводен од шпанскиот стратег Хота Гонзалез, со десното крило Никита Вајлупов, голманот Густаво Капдевил, левото крило Стивен Валенсија, пивотот Алексис Боргес, потоа екс членот на Еурофарм Пелистер – Реине Табоада…

Салата во Лисабон би требало да биде полна со оглед на тоа што се игра и фудбалскиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, па навивачите ќе имаат двојна програма од 18:45 часот и од 21:00 часот.

На табелата, Мелсунген има четири бода, Вардар е втор со два, исто колку што има и Кристијанштад, додека Бенфика е без бодови и мечот со Вардар е клучен за да фати приклучок кон ТОП 12.

На домашната сцена денеска ќе се комплетира 21 коло во Супер машката лига со дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ меѓу екипата на Охрид и Бутел Скопје.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

18:00 ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 БЕНФИКА – ВАРДАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ЕЛВЕРУМ – ГРАНОЉЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФЛЕНСБУРГ – КИЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ХАНОВЕР – НЕКСЕ НАШИЦЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – БИДАСОА ИРУН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МЕЛСУНГЕН – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ПОРТО – АРХУС (ЛИГА НА ЕВРОПА)