Спартак со нов голман: Амра Терзиќ се враќа на ракометните терени

Голманката Амра Терзиќ е ново засилување на Спартак од Кисела Вода и во пролетниот дел од сезоната ќе го брани голот на тимот што се бори да се качи што повисокот на табелата. Таа вчера дебитираше за новиот тим, а доаѓа од редовите на Металург Автокоманда и се приклучува на амбициозниот проект во Кисела Вода, кој во последниот период донесе серија сериозни засилувања и значително го подигна квалитетот на тимот.

Терзиќ е дете на Металург и еден од најпрепознатливите голмански производи на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за ЖРК Металург, а потоа беше дел и од новиот проект Металург Автокоманда, каде што се наметна како еден од клучните играчи. Беше една од најзаслужните за освојувањето на Купот на Македонија и на Ф4 турнирот во 2022 година беше избрана за најдобра голманка како дел од ЖРК Металург.

Оваа полусезона не настапуваше за Металург Автокоманда бидејќи беше на породилно отсуство, но сега се враќа на ракометните терени преку Спартак. Пред да стане дел од тимот од Кисела Вода, беше логичен столб во ростерот на Металург, а потоа, по финансиските проблеми и заминувањата на ракометарките од Автокоманда, и таа одлучи да ја смени средината и да тргне по патот на своите поранешни соиграчки.

Во комбинација со веќе донесените засилувања, тимот од Кисела Вода добива уште поголема длабочина и квалитет, а најавите дека Спартак може да се вмеша во борбата за место што води повиоско на табелата.

Спартак формира силен тим – квинтет засилувања во Кисела Вода