Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, ја продолжи победничката серија во Втората Бундес лига.
Битигхајм славеше на гостувањето кај Либер Швартау со 37-34, а на полувремето предноста на гостите исто така беше три голови, 20-17.
Maкедонскиот репрезентативец запиша девет одбрани, а ја делеше минутажата со Јан Хрдличка.
Следен предизвик за Томовски и Битигхајм, кој сега е на врвот со 32 бодови, ќе биде домашниот натпревар со Либек наредниот викенд.






















