Тимот на ГРИФК, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, загуби во финалето на Купот на Финска.
ГРИФК беше поразен од најсилниот во моментов состав во Финска, БК46, со убедливи 39-27, а победникот беше решен уште по првиот дел.
Тогаш ГРИФК имаше негатива од 11 голови, 22-11, а Чурлевски кој даде десет гола не можеше сам без поддршка од соиграчите против расположениот ривал.
Тимот на Македонецот ќе има нова шанса за титула во Финска, бидејќи обезбеди место во плеј-офот на првенството.


























