Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски доби ново големо признание од Европската ракометна федерација. Тие се делегирани да ја делат правдата на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Барселона, еден од најатрактивните дуели во европскиот клупски ракомет во Б групата.
Средбата е закажана за 18 февруари во Сегед, Унгарија како дел од 11 коло. Унгарците с ена 4. место на табелата, а Барселона е на 2 место.
Откако успешно го минаа свето прво сениорско ЕП, македонските судии продолжуваат со делење на правдата во најелтиното клупско натпреварување. Митревски и Тодоровски веќе неколку сезони се дел од елитната судиска група и редовно судат натпревари од Лигата на шампионите, Европската лига и големи репрезентативни натпреварувања.
Делегирањето на овој дуел претставува уште еден чекор напред во нивната меѓународна кариера и потврда за континуитетот на македонското судење на највисоко ниво.
























