Десниот бек Михаил Иваноски се најде во идеалниот тим на колото во словенечката Втора лига.
Во изборот на специјализираниот ракометен сајт „Handballia“, Иваноски беше сместен во најдобрата седморка.
Иваноски беше најдобар стрелец и постигна 11 погодоци за составот на Ајдовшчина на мечот со Себастјана Совича, кој го доби неговиот тим со 36-22.
Охриѓанецот дебитираше со девет голови во првото коло од пролетниот дел против Кршко, а Ајдовшчина предводена од Раде Стојановиќ е фаворит за место во елитната конкуренција наредната сезона.
View this post on Instagram
























