Тимот на Олимпијакос е прв фаворит за титулата во грчкиот шампионат, покрај ПАОК, откако успеа да ги „украде“ двата најдобри ракометари од бековската линија на големиот конкурент АЕК Атина.
АЕК реши „преку ноќ“ да го промени целиот состав, а во Олимпијакос на полусезоната се преселија Германецот Јулијус Кун и Хрватот Шиме Ивиќ.
Кун освои титула на ЕП 2016 со Германија, а пред ангажманот во АЕК Атина играше само во татковината за Диселдорф, Есен, Гумерсбах, Мелсунген и Битигхајм.
Ивиќ пред да дојде во Грција, беше дел од Нексе, Целје, Нант, Висла Плоцк, Ерланген, Мешков Брест, Лајпциг, Екс Ан Прованс и Лимож.
Покрај нив двајца, Олимпијакос го донесе и шпанскиот плејмејкер Алваро Морено. На табелата водат Олимпијакос и ПАОК со по 26 бода, додека АЕК е трет со 25.

























