Пиреја слави – Олимпијакос го тресна АЕК и го грабна трофејот во Купот

Тимот на Олимпијакос го совлада големиот ривал АЕК Атина со 33-29 во финалето на Купот на Грција и го освои трофејот.

За четврти пат во клупската историја, тимот од Пиреја се радуваше на трофеј во Купот, по оние во 2018, 2019 и 2023 година.

Средниот бек на Олимпијакос, аргентинскиот репрезентативец Томас Кањете беше прогласен за МВП на финалето.

Претходно во полуфиналето, АЕК Атина го елиминира тимот на Јоникос, додека Олимпијакос беше подобар од ГАС Килкис.