Денеска од 15:00 часот женската пионерска репрезентација на Македонија ќе го игра првиот натпревар на Медитеранското првенство во Приштина.
Прв предизвик на Медитеранското првенство и прв официјален натпревар на оваа генерација воопшто, ќе биде дуелот со Италија.
Во набиената агенда, младите ракометарки предводени од селекторот Славиша Димитријески, ќе одиграат шест меча во шест дена – пет во групата и еден за пласман.
Покрај натпреварот со Италија, Македонија ја очекуваат дуели и со Хрватска, Грција, Словачка и Словенија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)

























