Викендов се комплетираа натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите и од 4 коло во Лигата на Европа кај дамите.
Андреа Седлоска и Локомотива Загреб загубија дома од норвешкиот Тертнес и се вратија чекор назад во битката за четвртфинале, но следниот викенд дома со германскиот Олденбург ќе имаат нова прилика со триумф да се чекираат во ТОП 8, каде многу веројатно ќе биде и Рапид Букурешт на Сара Ристовска.
Рапид Букурешт е прв во групата Ц со шест бода, Локомотива Загреб има пет на второто место, а Тертнес е трет со три бода.
Лига на Европа, 4 коло, резултати:
група А
Баја Маре – Турингер 28-24
Ларвик – Мошонмаѓаровар 26-27
група Б
Никобинг – Бломберг 30-30
Естергом – Шамбре 24-22
група Ц
Олденбург – Рапид Букурешт 23-34
Локомотива Загреб – Тертнес 26-29
група Д
Корона Брашов – Виборг 28-34
Заглебје Лубин – Дижон 27-36
Во групата А, Ѓер е сигурен четвртфиналист, а второпласираниот Мец е на бод до остварување на тоа. Во осминафиналето се пласирани Есбјерг, Глорија Бистрица, Дебрецин, а многу веројатно и Борусија Дормунд, која има четири бода предност пред седмопласираниот Сторхамар, но и послаб меѓусебен дуел, додека Будуќност на две кола до крајот јасно е дека нема шанси за прогрес.
Во групата Б, Брест Бретањ и Ференцварош се во предност да се пласираат директно во четвртфиналето, додека својата шанса од позадина ќе ја чекаат Оденсе, ЧСМ Букурешт и Икаст, кои веќе се сигурни осминафиналисти. Крим и Подравка, имаат исто број бодови и во следните две кола ќе решаваат кој е последен патник во осминафиналето, додека норвешката Сола е елиминирана.
Лига на шампиони, 12 коло, резултати:
група А
Дебрецин – Борусија Дортмунд 29-23
Ѓер – Будуќност 34-22
Мец – Глорија Бистрица 29-26
Сторхамар – Есбјерг 33-39
група Б
Крим – Икаст 33-35
Сола – Ференцварош 24-28
ЧСМ Букурешт – Брест Бретањ 40-34
Оденсе – Подравка 42-24

























