Еден Поповски премалку за Арау

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби од фаворитот Криенс Луцерн.

Во натпреварот од 20 коло во швајцарскиот шампионат Криенс Луцерн славеше кај Арау на Поповски со 30-22.

Македонскиот интернационалец беше најдобар стрелец во домашниот тим и успеа да постигне седум гола од десет обиди.

Сур Арау се наоѓа на деветтото место со исто број бодови со Цирих, кој има десет на осмата позиција, кое води во плеј-офот.