Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, со победа ја отвори 2026 година.
На домашен терен, момците на Икер Ромеро, славеа против директниот конкурент за врвот, Елбфлоренц, со 31-27.
Томовски ја подели минутажата на голот со Јан Хрдличка, но имаше одлична партија и запиша седум интервенции, со 41% успешност на одбранети удари.
Сега Битигхајм има 30 бодови на лидерската позиција, пред Елбфлоренц со 28, како и Потсдам со 27, односно Балинген со 26.
Во следното коло, Томовски и неговиот тим ќе играат на гости кај Либек.

























