Норвешката репрезентативка Кристина Бристол, една од клучните ракометарки во дефанзивата на европскиот првак Ѓер, ја продолжи соработката за уште една сезона и ќе остане до 2027 година.
Доскорешниот голман на Загреб, Анте Грбавац, ќе биде на позајмица во португалскиот вицепрвак Порто до крајот на сезоната како замена за повредениот чувар на мрежата Диого Рема.
Српскиот стратег Бојан Жупањац го продолжи договорот со финскиот тим Рихимаки Кокс за уште една сезона и ќе остане да го води некогашниот учесник во Лигата на шампионите до 2027 година.
Данскиот чувар на мрежата Мајк Јенсен, кој по доаѓањето од Веспрем во Рајн Некар Левен пружи одлични партии, ја продолжи соработката со „лавовите“ и ќе остане да го брани голот до 2028 година.
Капитенката на Подравка, Сара Шенвалд останува верна на хрватскиот првак Подравка уште една сезона, откако кружниот напаѓач го продолжи договорот до 2027 година.