Тимот на ПАОК Солун, каде што игра македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, ја продолжи серијата без пораз во грчкиот шампионат.
ПАОК Солун на домашен терен беше подобар од Дукас со 31-27, а победата беше обезбедена по првиот дел кога беше 18-8.
Македонското десно крило постигна два гола на овој натпревар, и со ови бодови сега ПАОК е лидер на табелата.
ПАОК е на делбата на првото место со Олимпијакос со 26 бодови, а серијата без пораз трае 14 мечеви по првиот пораз од тимот од Пиреја во септември.
Следен предизвик за Темелкоски и ПАОК ќе биде гостувањето кај Јоникос.


























