Денеска во центарот на вниманието ќе биде вториот натпревар од 19 коло во суперлигашкото друштво.
Македонскиот вицепрвак Вардар по двата теста против Слован Љубљана и Загреб, им се враќа на официјалните натпревари и домашните обврски.
Прв ривал на избраниците на Иван Чупиќ ќе им биде составот на Куманово, а вардарци се големи фаворити за нови бодови и одржување на врвот.
За Куманово своето деби на клупата треба да го има српскиот стратег Александар Радосављевиќ, кој дојде во зимската пауза.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ВАРДАР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АЛПЛА ХАРД – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – САРАН (ФРАНЦИЈА)
14:00 НЕС ЗИОНА – БЕР ШЕВА (ИЗРАЕЛ)


























