Македонец во ТОП 5 голмани во Полска – најдобриот е екс член на Охрид и Прилеп

По есенскиот дел од сезоната во полскиот шампионат, меѓу ТОП 5 голманите има и еден македонски интернационалец.

Станува збор за македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски, кој го брани голот на тимот на Пулави.

Петковски се наоѓа на четвртото место меѓу најдобрите голмани со 117 одбранети удари досега на 17 натпревар за Пулави.

На врвот во полскиот шампионат е Зураб Цинцадзе, Грузиецот што го бранеше голот на Охрид и претходно на Прилеп.

Тој во моментов е голман на Островија и има одбрането 140 удари, пред Зембжицки од Вибжеже и Чордалија од Келце.