Дански репрезентативец го прекрши протоколот – ја прегрна кралицата: Не сфатив која е…

Данскиот репрезентативец Мадс Сване (23) дебитираше на Европското првенство на кое неговата селекција ја освои титулата.

Младиот ракометар за време на церемонијата на доделување медали ја прегрна данската кралица Мери, потег што изненади многумина.

Кралицата Мери беше меѓу околу 15.000 гледачи кои во неделата го следеа финалето на Европското првенство, а по натпреварот учествуваше и во церемонијата на доделување медали.

Кога на ред дојде 23-годишниот Сване, организатор на играта кој настапува за Силкеборг, тој спонтано ја прегрна кралицата.

„Дури кога застанав пред неа сфатив дека тоа е таа. Потоа ја прегрнав, исто како и сите други претходно. Тоа беше налет на радост, морав да прегрнам“, објасни Сване.  „Ми се чини дека ми возврати со прегратка, така што сум прилично задоволен“.

Сване не беше единствениот што го прекрши протоколот, кралицата ја прегрна и селекторот на Данска, Николај Јакобсен.