Променет е терминот за одигрување на натпреварот меѓу Бенфика и Вардар во првото коло од главната фаза во Лигата на Европа во Лисабон закажан за 17 февруари 2026.
Наместо во првично закажаниот термин од 20:45 часот по средноевропско време, мечот ќе се игра на 17 февруари 2026 година, со почеток од 18:45 часот по средноевропско време, односно 17:45 часот по локално време во Лисабон.
Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува Бенфика, па поради тоа беше направена корекција на почетокот на ракометниот дуел.
Фудбалската екипа на Бенфика предводена од легендарниот стратег Жозе Мурињо обезбеди место во плеј-офот од Лигта на Европа и ќе се соочи со неговиот поранешен тим Реал Мадрид.
Вардар во главната фаза од Лигата Европа ќе игра во група со Бенфика, Мелсунген и Кристијанштад, а дуелот во Лисабон ќе биде прв тест за „црвено-црните“ во оваа фаза од натпреварувањето.























