Германските ракометари освоија сребрен медал на Европското првенство, откако беа поразени од Данска во финалето.
Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, го искористи моментот по финалето за остро да им одговори на своите критичари.
Гисласон не го криеше незадоволството од коментарите што го следеа за време на првенството, особено по изненадувачкиот пораз од Србија во групната фаза. Тогаш на удар на критики се најдоа неговите тактички одлуки, меѓу кои и моментот кога побара тајм-аут.
Во разговор за германскиот „Билд“, исландскиот стручњак им одговори на поранешните репрезентативци кои јавно го критикуваа, меѓу кои Штефан Кречмар, Мими Краус и Паскал Хенс.
„Сите знаеме дека тие и немаат баш многу поим“, порача Гисласон, додавајќи дека е доволен и најмал лош настап за, како што рече, „секој од тие самопромотори веднаш подготвено да се нафрли врз репрезентацијата“.
























