„Пола“ Металург се пресели во Вардар – потпиша и Мина Ѓурческа

По Таида Беровиќ, Евгенија Смиљковска и сестрите Ања и Мила Лашкоски, уште една ракометарка од Металург Автокоманда се сели во Вардар.

Петтата ракометарка ќе носи „црвено-црн“ дрес во иднина е Мина Ѓурческа, која во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на поранешниот шампион на Македонија.

Таа е пионерска репрезентативка на Македонија, а во Вардар покрај за сениорската, ќе има право да настапува во младинските категории.

Ѓурческа, која е десно крило, претходно настапуваше за Скопје, а ракометарката што е родена 2010 година, стекна драгоцено искуство со настапите во Автокоманда.