Женската пионерска репрезентација на Македонија ќе биде дел од Медитеранското првенство за ракометарки родени 2010 и помали што ќе се игра во Косово.
Селекторот Славиша Димитријески објави поширок список на 26 ракометарки, од кои ќе ги избере оние што ќе патуваат за Приштина на 8 февруари. Собир е на 4 февруари од 08:30 часот, а ќе се тренира во СЦ „Јане Сандански“.
Во Приштина ќе играат 12 селекции, што ќе бидат поделени во две групи, а меѓу нив ќе биде и Македонија. Избраничките на Славиша Димитријески ќе бидат дел од групата Б заедно со Хрватска, Словачка, Грција, Италија и Словенија.
Медитеранското првенство ќе стартува на 9 февруари, а ќе заврши на 14 февруари. Сите натпревари ќе се играат во „Палатата на младоста и спортот“ во Приштина.


























