Пресврт: Ќе има дочек на плоштад за бронзените Хрвати

Иако првично дочекот за бронзените хрватски репрезентативци беше откажан, сепак има пресврт во ситуацијата.

Како што пишуваат хрватските медиуми, организација на свечениот дочек ја презема Владата на Хрватска, а тој ќе се одржи на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб.

Од 18:00 часот, навивачите ќе имаат можност да ги поздрават нивните миленици, а за музичкиот дел ќе се погрижи Марко Перковиќ Томпсон, изведувач на песни со националистичка содржина, поради кој и беше откажан дочекот.

Сепак желбата на ракометарите ќе им биде исполнета, а ова ќе биде продолжение од пречекот што го имаа утринава на аеродром околу 03:00 часот.

Скандалозно: Хрватите се испокараа – нема да има дочек во Загреб?!

Прославата откажана: Пејач е причина што нема да има дочек на бронзените Хрвати!