Црногорскиот шампион Будуќност полека го склопува играчкиот ростер за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Како прв потег беше договорот со левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, која заминува од романскиот првак ЧСМ Букурешт на лето и се враќа во својата татковина.
Покрај Јауковиќ, Будуќност ја ангажира срспката репрезентативка Јована Скробиќ, потоа репрезентативката на Фарски Острови, пивотот Суна Хансен, потоа Хрватката Хана Вуљак…а договорите ги продолжија Армел Атингре, Марија Марсениќ…
Иако годинава не обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони, за наредната сезона формираат тим за повисоки дострели.

























