Ракометниот „Реал Мадрид“ ја продолжува низата – има четворица играчи во финалето на ЕП!

Со пласманот на Данска и Германија во финалето на Европското првенство продолжи неверојатната серија што веќе со години ја „потпишува“ Кил.

Клубот кој со право го нарекуваат Реал Мадрид во ракометот ќе има дури четворица свои играчи во големото финале.

Од данската страна таму ќе биде Магнус Ландин, додека за Германија ќе настапат Андреас Волф, Руне Дамке и Лукас Цербе.

Кил од финалето на Европското првенство во 2010 година наваму во секое финале на големите шампионати има најмалку еден свој играч, импресивна серија што најдобро зборува за континуитетот и доминацијата на германскиот гигант.