Во пресрет на финалето на ЕП 2026 меѓу Данска и Германија, беше избран Ол-стар тимот на турнирот, по илјадници гласови од навивачите, мислења на стручна комисија и официјална потврда од ЕХФ.
Во најдобрата селекција се најдоа ракометари од шест различни репрезентации, меѓу кои и финалистите Данска и Германија. Ол-стар тимот ги опфаќа сите седум позиции, како и признанија за најдобар дефанзивец, најдобар млад играч и најкорисен играч, односно МВП.
🏆 Ол-стар тим на ЕП 2026:
Голман: Андреас Волф (Германија)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Пивот: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Кошта (Португалија)
МВП: Матијас Гидсел (Данска)
Со ова признание, Матијас Гидсел стана првиот Данец во историјата прогласен за МВП на ЕП. Голманот Андреас Волф повторно се најде во Ол-стар тимот, откако беше избран и во 2016 и 2024 година, а особено блескаше во 2016 кога имаше клучна улога во европската титула на Германија.

























