Карачиќ со порака до Малус: Кралу, чувај ми ги Скопје и Вардар!

Вардар загуби во финалето на „Лабин Куп“ од Загреб со 34-27 и го освои второто место на турнирот во Хрватска.

Игор Карачиќ играше против тимот во кој остави длабока трага низ седум сезони, a на неговата позиција сега игра Словенецот Јака Малус.

Тој сега е меѓу лидерот на „црвено-црниот“ состав, а двајцата во Лабин имаа шанса да евоцираат заеднички спомени.

Малус објави фотографија од пред 12 години, а потоа Карачиќ ја „ре-постираше“ и му упати силна порака.

„Времето лета. Кралу, чувај ми ги Скопје и Вардар“, напиша Карачиќ.