, SF2 - Denmark vs Iceland, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 30.01.2026, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Исланѓаните потенцираат: Малите детали го решија финалистот

Исланд беше едно од големите изненадувања на ЕП во ракомет, но нивната приказна заврши на чекор до обезбедување сигурен медал. Загубијa со 28-31 од домаќинот Данска, па сега „рибарите“ ќе се борат за бронзениот медал.

По 16 години Исланд пак е меѓу репрезентациите што може да се искачи на пиедесталот. Тоа е нивниот единствен медал од ЕП. Во 2010 година беа третопласирани, и оттогаш ниту еднаш не успеале да бидат меѓу Топ-4 репрезентации на ЕП:

Снори Стеин Гудјонсон, селектор на Исланд смета дека малите детали кои го решиле победникот биле на страната на Данска.

„Изгубивме од најдобрата репрезентација на светот, па честитки за нив. Треба да го погледнам натпреварот за точно да видам што направивме добро, а што не. Му дадовме на Данска тежок и сериозен меч. Горд сум на мојот тим. Играчите направија сè што можеа за да ги победат, но не беше доволно. Малите детали отидоа на нивна страна. Направивме неколку грешки во второто полувреме. Особено против Данска на домашен терен, кога имаат предност од три-четири гола, станува многу тешко да се остане на исто ниво. Многу сум горд на тоа што го направивме, но за жал, не беше доволно, изјави Гудјонсон.

Во мечот за бронза Исланд ќе игра во недела против Хрватска.