Меѓу присутните специјални гости на полуфиналните натпревари на ЕП во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг се и четворица Македонци.
Станува збор за преставниците на трите најдобри македонски клубови – Еурофарм Пелистер (Горан Петровски и Бојан Стерјев), Вардар (Андрија Нунев) и Охрид (Славчо Ристески).
Преставниците на водечките три македонски тимови се дел од Форумот на машките ракометни клубови, кој ќе има состанок во текот на утрешниот ден.
Tаму ќе се одлучува за важни прашања поврзани со клупските и репрезентативни напреварувања под капата на ЕХФ.
Во првото полуфинале, Германија ја совлада Хрватска со 31-28, а во второто ќе се соочат домаќинот Данска и Исланд.


























