Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од финалниот викенд на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Во отсуство на најдобрите судии Начевски и Николов, финалето ќе го судат Црногорците Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ.
Мечот за бронзата им припадна на Шпанците Марин Андреу и Игнасио Гарсија, додека дуелот за петтото место ќе го судат Јонас Елијасон и Антон Палсон од Исланд.
На полуфиналните средби, правдата ќе ја делат Словенците Давид Сок и Бојан Лах (Германија- Хрватска) и Ларс Јорум и Хавард Клевен (Данска-Исланд).
























