Објавени номинациите – еве кои ракометари се во конкуренција за Ол стар тимот на ЕП

Од денеска започнува гласањето за Ол-стар тимот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, ќе се одвива преку апликацијата на ЕХФ, а ќе трае до 31 јануари до 23:59 часот.

Номинираните играчи се избрани од страна на стручен панел, во кој учествуваат поранешните освојувачи на титули во Лигата на шампионите, Вид Кавтичник и Андреа Лекиќ, како и двајца претставници на ЕХФ. Листата опфаќа играчи од 14 репрезентации во девет категории.

Дури шест ракометари од Ол-стар тимот на ЕП 2024 повторно се меѓу номинираните:
голманот Андреас Волф, левиот бек Мартиим Кошта, средниот бек Јури Кнор, десниот бек Матијас Гидсел, кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас и Магнус Саугструп, кој овојпат е номиниран како кружен напаѓач.

МВП од ЕП 2024, Недим Ремили, не настапи на ова ЕП поради повреда.

Најмногу номинации добија Германија, Данска, Франција, Исланд и Норвешка, додека веднаш зад нив се Хрватска, Словенија, Шпанија и Португалија.

Во категоријата „Најдобар млад играч“ се вклучени ракометари на возраст до 21 година кои се истакнаа на најголемата европска сцена. Од вкупно шест номинирани, само еден, Франсиско Кошта од Португалија, е номиниран и на својата позиција.

Номинирани ракометари:

Голман:

Емил Нилсен 🇩🇰 (Данска)
Андреас Волф 🇩🇪 (Германија)
Криштоф Паласич 🇭🇺 (Унгарија)
Торбјорн Бергеруд 🇳🇴 (Норвешка)
Виктор Халгримсон 🇮🇸 (Исланд)
Никола Портнер 🇨🇭 (Швајцарија)

Лево крило:
Аугуст Педерсен 🇳🇴 (Норвешка)
Емил Јакобсен 🇩🇰 (Данска)
Ори Фрејр Торкелсон 🇮🇸 (Исланд)
Дилан Наи 🇫🇷 (Франција)
Ноам Леополд 🇨🇭 (Швајцарија)
Рутгер Тен Велде 🇳🇱 (Холандија)

Лев бек:
Симон Питлик 🇩🇰 (Данска)
Тибо Брие 🇫🇷 (Франција)
Сандер Сагосен 🇳🇴 (Норвешка)
Звонимир Срна 🇭🇷 (Хрватска)
Јан Тарафета 🇪🇸 (Шпанија)
Мартим Кошта 🇵🇹 (Португалија)

Среден бек:
Гисли Кристијансон 🇮🇸 (Исланд)
Ајмерик Мин 🇫🇷 (Франција)
Домен Макуц 🇸🇮 (Словенија)
Лука Циндриќ 🇭🇷 (Хрватска)
Феликс Клар 🇸🇪 (Шведска)
Јури Кнор 🇩🇪 (Германија)

Десен бек:
Матијас Гидсел 🇩🇰 (Данска)
Франциско Кошта 🇵🇹 (Португалија)
Блаж Јанц 🇸🇮 (Словенија)
Ренарс Ушчинс 🇩🇪 (Германија)
Омар Инги Магнусон 🇮🇸 (Исланд)
Иван Мартиновиќ 🇭🇷 (Хрватска)

Десно крило:
Алеиш Гомез 🇪🇸 (Шпанија)
Лукас Цербе 🇩🇪 (Германија)
Бенце Имре 🇭🇺 (Унгарија)
Марио Шоштариќ 🇭🇷 (Хрватска)
Кевин Гуликсен 🇳🇴 (Норвешка)
Один Рикардсон 🇮🇸 (Исланд)

Кружен напаѓач:
Јоханес Гола 🇩🇪 (Германија)
Лудовик Фабрегас 🇫🇷 (Франција)
Магнус Саугструп 🇩🇰 (Данска)
Оскар Бергендал 🇸🇪 (Шведска)
Кристијан Хоржен 🇸🇮 (Словенија)
Златко Раужан 🇭🇷 (Хрватска)

Дефанзивец:
Карл Конан 🇫🇷 (Франција)
Адријан Шипош 🇭🇺 (Унгарија)
Антонио Серадиља 🇪🇸 (Шпанија)
Борут Мачковшек 🇸🇮 (Словенија)
Том Кислер 🇩🇪 (Германија)
Салвадор Салвадор 🇵🇹 (Португалија)

Најдобар млад играч:
Франциско Кошта 🇵🇹 (Португалија)
Оли Митун 🇫🇴 (Фарски Острови)
Маркос Фис 🇪🇸 (Шпанија)
Патрик Андерсон 🇳🇴 (Норвешка)
Никола Рогановиќ 🇸🇪 (Шведска)
Џино Стинартс 🇨🇭 (Швајцарија)